Допинг скандал во Мото ГП

Интернационалната мотоциклистичка федерација го суспендираше возачот на Априлија Андре Јаноне поради користиње на недозволени средства. Италијанскиот пилот бил позитивен на анаболични стероиди една од супстанциите кои се на негативната листа на светската антидопинг агенција (ВАДА).

Јаноне сега има шанса да поднесе жалба за тестирање на втор примерок кој ќе се спореди со првиот како би можел да ја докаже својата невиност. Италијанецот од 2013 година е во Мото ГП каде покрај за Априлија настапуваше и за Дукати и Сузуки. Единствената победа ја забележа во 2016 година, а вкупно 11 пати се најде на подиумот.

 

 

Се вчитува...