Шокантна вест доаѓа од САД, откако НБА-лигата донесе одлука да го суспендира на 25 натпревари големиот ас на Филаделфија, Пол Џорџ.
Повеќекратниот олстар кој беше дел и од дрим-тимовите на САД во изминатите години е санкциониран поради прекршување на строгите допинг-правила на лигата. Детали барем засега не се обелоденуваат во јавноста, но Џорџ преку соопштение потврди дека е санкциониран и испрати јавно извинување.
„Во изминатите години многу пати дискутирав за важноста на менталното здравје. Барајќи третман за проблем што јас го имав, направив грешка земајќи недозволено медицинско средство. Целосно ја преземам одговорноста за направеното, се извинувам на сите во клубоот, на соиграчите и на навивачите за погрешната одлука. Сега ќе се фокусирам за да се подготвам, мојот ум и телото да бидат во најдобра можна состојба да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, порача Пол Џорџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

