Дополнителен хендикеп за Хрватите: До крајот на СП без Циндриќ

Покрај вчерашниот неочекуван пораз од Бразил, хрватската репрезентација се соочува и со дополнителен проблем по информациите дека до крајот на шампионатот се поизвесно ќе се мора без еден од најдобрите ракометари Лука Циндриќ.

Циндриќ се пожалил на повреда на полувремето од мечот со Бразил, па во продолжението не играше. Претходно ги пропушти и дуелите со Јапонија и со Македонија.

„Циндриќ на полувремето ме извести дека не може. Тоа е голем хендикеп. Не можам се уште да кажам дефинитивно дали првенството за него е завршено, но ќе се знае во текот на денот“ – вели хрватскиот селектор, Лино Червар.

А, прогнозите од лекарскиот тим не се добри. Иако неофицијално веќе внатре во хрватската репрезентација знаат дека СП за Циндриќ е завршено.

Се вчитува...