Вардар на натпреварот со Воска останува и без услугите на Матеус Лемос. Играчот од Бразил кој игра на крилната позиција мораше да излезе уште во 17. минута од средбата, откако го повреди коленото.
Според првите прогнози, станува збор за тешка повреда на Лемос, кој мораше на носилки да биде изнесен. Станува збор за повреда на коленото, а сите во Вардар се надеваат дека не станува збор за лигаментите, што би значело крај на сезоната за овој играч.
Доколку не може да смета на Лемос во последните кола, тогаш „црвено-црните“ ги чека уште потешка битка за опстанок, имајќи во предвид дека Лемос беше еден од најдобрите поединци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА