Еден од најистакнатите играчи во првите два натпревари на Мајкл Карик како привремен менаџер на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу, ќе отсуствува околу десет недели. Причината за ова е повредата на задниот дел од десната нога, која ја заработи во втората половина од дербито со Арсенал.
Данецот претходно постигна прекрасен гол втор натпревар по ред, откако ја погоди мрежата и во дербито против Манчестер Сити. Керик го користеше Доргу на левото крило во овие натпревари, откако Рубен Аморим претходно го постави на позицијата бек во својата шема.
Клубот сè уште не објави колку долго Доргу ќе отсуствува, но според „Атлетик“, тоа ќе биде околу десет недели. Доколку е вистина, тој ќе ги пропушти следните осум натпревари на Манчестер Јунајтед и ќе се врати по репрезентативната пауза во март кога токму неговата Данска се среќава со Македонија во баражот за пласман на Светското првенство 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

