Дориан Бабунски во бугарскиот Ботев Враца

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски е на проба во бугарската Ботев Враца. Фудбалерот кој своевремено беше дел од младинската школа на Реал Мадрид, а потоа играше и за Фуенлабрада, Олимпија Љубљана и Радомлје пред да замина за Јапонија во која беше од 2017 година.

Тој таму настапуваше за Мачида Зелвија од Токио и Кагошима Јунајтед, два тима за кои запиша вкупно 25 натпревари. Бабунски ги има поминато сите младински категории на Македонија, а се уште нема запишано ниту еден настап за А-тимот.

Се вчитува...