Македонскиот крилен напаѓач Љупче Дориев игра извонредно на стартот од сезоната во дресот на Согдиана, во узбекистанскиот шампионат.
По последниот хет-трик за Согдиана, со што стана и втор Македонец со хет-трик во првенството на Узбекистан, по поранешниот репрезентативец Стевица Ристиќ, Дориев е избран за фудбалер на месецот.
Изминатиот месец одигра пет натпревари за Согдиана и постигна дури седум гола, издвојувајќи се во првенството пред сите останати фудбалери.

Согдиана по десет одиграни кола се наоѓа на седмата позиција на табелата со 14 освоени бода, пет помалку од лидерот Насаф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

