Дориев после мечот со Англија ќе го официјализира договорот со узбекистанска ФЦ Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев веднаш по завршувањето на репрезентативните обврски и утрешниот натпревар против Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер, веќе престојнава недела ќе ја официјализира соработата со узбекистанскиот прволигаш ФЦ Согдиана од Јизах.

По завршувањето на соработката со Шкендија, за 27-годишниот крилен офанзивец тоа ќе биде првиот интернационален предизвик во кариерата. Како што дознава ЕКИПА, Дориев е пред официјален договор со ФЦ Согдиана кој треба да се официјализира веднаш после репрезентативниот собир.

Претходно во својата кариера Дориев настапуваше за екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев пред во јуни 2020 година да се пресели во редовите на Шкендија каде мина три одлични години кои го издвоија и со неизбежни повици во македонската репрезентација.

 

Се вчитува...