Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев и дефинитивно кариерата ја продолжува во узбекистанскиот прволигаш ФЦ Согдиана од Јизах.
По завршувањето на соработката со Шкендија, како што и претходно најави ЕКИПА, 27-годишниот крилен офанзивец официјално стави потпис на договорот со Согдиана каде ќе заработува 300.000 евра годишна плата, плус бонуси.
Деновиве, откако е потпишан договорот, се очекува и официјалната промоција на Дориев во својот нов клуб кој за него ќе биде прв интернационален предизвик. Шкендија посакуваше да го задржи во своите редови, меѓутоа пресудно за неговото заминување беше одличната финансиска понуда која Дориев ја доби од узбекистанскиот прволигаш.
Претходно во својата кариера Дориев настапуваше за екипите на Хоризонт Турново и Академија Пандев пред во јуни 2020 година да се пресели во редовите на Шкендија каде мина три одлични години кои го издвоија и со неизбежни повици во македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА