Дориев со мајсторски лоб-удар израмни во Прилеп, Шкупи и Силекс без голови на полувремето (ВИДЕО)

Шкендија успеа да се спаси од негатива на гостувањето против прилепска Победа уште пред полувремето во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига. Тетовци имаат 1-1 по првите 45 минути со Победа, а од „нула“ во второто полувреме ќе почне и Шкупи кој игра без голови со Силекс. Единствено предност во денешните три натпревари на полувремето има Тиквеш кој води против Скопје со 1-0.

Победа успеа уште во раната фаза од натпреварот да ја шокира фаворизираната Шкендија, поведувајќи со 1-0. По корнерот од десната страна во 12. минута, Ѓурковиќ одлично реагираше со глава постигнувајќи ефектен гол за предност на домашните.

Меѓутоа тетовци успеаја пред полувремето да дојдат до израмнување. Одлична асистенција на Хасани, а Љупче Дориев мајсторски се снајде во домашниот шеснаесетник со лод-удар носејќи израмнување.

Во Кавадарци, Тиквеш има предност од 1-0 против Скопје благодарение на погодокот во 25. минута од средбата.

ПМФЛ – 9. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС 0-0
Прилеп: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА 1-1
Ѓурковиќ 12′ – Дориев 45′
Кaвадарци: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 1-0
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1-1
Алексовски 85′ – Шабани 62′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-3
Ѓокиќ 63′ – Велкоски 25′(п), 89′

Standings provided by SofaScore

Се вчитува...