Дориев со нов гол во шампионатот на Узбекистан

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува со одличните игри во првенството на Узбекистан. По настапите за националниот тим, Дориев веднаш се врати во голгетерска форма за својот клуб Согдиана.

На натпреварот од 5. коло против екипата на Коканд, Дориев беше во стартниот состав и во 41. минута зголеми на 2-0, најавувајќи победа за својот тим. Сепак, Согдиана не го издржа притисокот до крајот и дозволи противникот да се избори за реми (2-2).

Ова е втор гол за Дориев во тековниот шампионат, со што уште еднаш потврди дека е еден од клучните играчи во нападот на узбекистанскиот прволигаш.

Се вчитува...