Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев, го постигна седмиот гол во првенството на Узбекистан, носејќи победа на својот тим Согдиана во мечот против Хорезм.
Македонецот го постигна голот вреден победа во 84. минута од средбата, кој беше доволен за победа на својата екипа, трета во сезоната.
Дориев со овој погодок се искачи на второто место на листата на стрелците, со три гола помалку од првопласираниот Сергеев. Покрај седумте голови, Дориев има и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

