Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев постигна гол за својата Согдиана во дуелот со Андијан. Во тие мигови екс голгетерот на Шкендија и на Академија Пандев, донесе предност од 1-0, меѓутоа гостите до крајот на средбата направија пресврт и ги однесоа бодовите.
За Дориев ова беше втор гол во сезоната на Узбекистан. Тој ги одигра сите 90. минути на денешната средба.
Согдиана остана на 10. позиција на табелата со 23 бодови, и за нив ќе следува битка за опстанок, со оглед дека се на пет бодови од опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

