Дориев во тимот на колото, и со гол на колото во Узбекистан (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев повторно е во тимот на колото во Узбекистан по последната одлична партија во дресот на Согдиана изминатиов викенд.

Согдиана загуби со 2-3 од ОКМК, но Дориев како стрелец на двата гола за својот тим беше избран во тимот на колото.

По шест одиграни кола, Дориев се наоѓа на врвот на листата на најдобрите стрелци во Узбекистан со пет голови и една асистенција.

А, еден од погодоците на Дориев беше избран и за гол на колото во узбекистанскиот шампионат.

Се вчитува...