Македонскиот интернационалец Љупче Дориев повторно се најде во тимот на колото во узбекистанскиот шампионат.
Дориев е дел од идеалниот тим на 13. коло во Узбекистан, откако со нов погодок, во 83. минута од натпреварот на Согдиана донесе победа за својот тим против екипата на Хораз Урганч.
Македонскиот крилен офанзивец досега има седум гола за Согдиана сезонава во узбекистанското првенство, издвојувајќи се на второто место на листата на најдобрите стрелци, а има и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

