Адис Јаховиќ денеска на натпреварот на Гезтепе со Коњаспор, доби повреда поради која мораше да го напушти теренот уште во 16. минута. Станува збор за повреда на задната ложа, со што дополнителните лекарски прегледи ќе покажат дали е нешто сериозно, и колку Јаховиќ би паузирал.
Македонскиот национален тим мора да најде решение доколку Јаховиќ не се стави на располагање на утрешниот собир, па затоа се размислува за дополнителен повик за фудбалерот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Јаховиќ сигурно нема да биде присутен на прозивката, туку ќе направи прво прегледи, па потоа ако е се во ред ќе допатува во Скопје. Затоа најпрво ќе се чекаат резултатите од Јаховиќ, но шансите да се стави на располагање на репрезентацијата се минимални.
Доријан Бабунски е стандарден во тимот на Ботев Враца. Денеска постигна два гола во дуелот со Арда, и моментално е втор стрелец во Бугарија со шест голови. 25-годишниот фудбалер има настапи за помладите селекции на Македонија, и ова ќе му биде прв повик во сениорскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА