Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го постигна 11-от гол сезонава во дресот на Дебрецин за победа од 2-0 на својот тим против МОЛ Фехервар во 29. коло.
Бабунски погоди во 52. минута од средбата за водство од 1-0 во тие моменти, а домашните конечните 2-0 ги поставија преку Боди во 81. минута од натпреварот.
Дебрецин на тој начин останува во трката за водечките три места во унгарскиот шампионат кои носат излез на европската сцена следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА