Доријан Бабунски официјално промовиран во швајцарски Грасхоперс (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски и официјално промовиран во еден од најславните швајцарски клубови Грасхоперс, каде ја продолжува својата кариера.

26-годишниот македонски голгетер денеска стави потпис на двегодишен договор со Грасхоперс, со можност за продолжување на уште една.

Бабунски беше меѓу најдобрите фудбалери на Дебрецен минатата сезона постигнувајќи 13 погодоци поради што следеше убава понуда од Грасхоперс за услугите на македонскиот напаѓач во висина од 700.000 евра, која Дебрецин не можеше да ја одбие.

„Со Доријан добиваме сериозно засилување на офанзивните линии на тимот. Неговите квалитети го прават идеално засилување за нашиот тим“ – истакна спортскиот директор на Грасхоперс, Бен Хас по промоцијата на Бабунски.

Екипата на Грасхоперс по првите пет кола од швајцарското првенство има освоено само четири бода, постигнувајќи вкупно шест погодоци.

Се вчитува...