Повремениот македонски репрезентативец Дориjан Бабунски не е повеќе член на Грасхоперс. Помладиот од браќата Бабунски го напушти швајцарскиот тим, после 1,5 години откако му се приклучи од унгарски Дебрецен.
Бабунски во минатото беше дел од Ботев Враца, а играше и во Јапонија, во Махида, Кагошима, беше дел и од Радомлје, Олимпија и Фуанлебрада.
За македонскиот национален тим одигра седум меча без постигнат гол. Тој зимава ќе си бара нова средина, откако сезонава одигра само два меча за швајцарскиот клуб во Супер-лигата, и еден во Купот на Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА