Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Доријан Бабунски со асистенција дебитираше во дресот на бугарскиот прволигаш Ботев Враца.
Во 17. коло од шампионатот на Бугарија, Ботев Враца несреќно загуби со 1-2 од Берое со гол на гостите во 93. минута. Домашните беа далеку подобар тим на теренот, но не успеаја ниту до бод на натпреварот.
Единствениот гол за Ботев Враца беше дело на Марти Николов во 19. минута, на асистенција на Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

