Македонскиот младински репрезентативец Доријан Бабунски повторно стрелец за јапонскиот второлигаш Мачида Зелвиа кој сезонава е со сериозни амбиции за влез во елитното друштво во Јапонија.
Бабунски го постигна вториот гол во две недели за Мачида, овој пат спасувајќи го својот тим од пораз во 8. коло пред своите навивачи во пресметката со Роасо Кумамото.
Младиот македонски напаѓач во игра влезе во 79. минута, при водство на гостите од 1-2, а во 94. минута постигна убав погодок со глава за конечни 2-2.
Мачида Зелвиа е на 4. место на табелата со 16 бода, три бода помалку од водечката Окајама.
Доријан Бабунски, по квалитетните игри во Јапонија оваа година, повторно доби повик за настап и во младата репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА