Доријан Бабунски стрелец за Дебрецин во убедливата победа над Залаегерцег

Македонскиот фудбалски интернационалец, Доријан Бабунски беше стрелец за својот Дебрецин во убедливата победа на домашен терен од 3-0 над Залаегерцег во натпревар од 17. коло во Унгарската прва лига.

Домаќините поведоа со 1-0 уште во 3. минута со голот на Шчечи. До крајот на првото полувреме веќе беше и 2-0 со погодокот на Џуџак од пенал во 35. минута. Конечните 3-0 ги постави Бабунски со погодокот во 53. минута.

Македонскиот напаѓач го стартуваше мечот, а беше заменет во 73. минута од натпреварот.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...