Македонскиот напаѓач Доријан Бабунски го запиша својот трет гол сезонава во дресот на јапонскиот второлигаш Мачида.
Бабунски на мечот од 40. коло во Втората лига на Јапонија против Ависпа Фукуока влезе во игра во 73. минута а во 80. минута постигна погодок за триумф од 2-1 на својот тим.
Мачида имаше негатива од 0-1, а токму по влегувањето во игра на Доријан Бабунски следеше пресвртот за триумф на неговиот тим.

На две кола пред крајот на шампионатот Мачида е на третата позиција со 72 бода, исто колку и второпласираната Оита, а еден помалку од водечката Јамага. Повеќе од значаен триумф за Мачида, која води битка за првите две позиции на табелата кои овозможуваат пласман во Првата лига следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

