Доријан Бабунски во топ форма, погоди за победа на Дебрецен

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски е во одлична форма во оваа година, постигнувајќи нов гол во првенството на Унгарија.

Бабунски во 48. минута успеа да реализира од 5-6 метри и со тоа да донесе победа на неговиот тим на гостувањето кај Кишварда.

Ова е добра најава од Бабунски пред репрезентативниот собир и дуелите со Малта во квалификациите и со Фарски Острови во пријателски меч.

За Бабунски ова беше 10-ти гол во Унгарија сезонава. За Кишварда Марио Илиевски почна од клупата, и влезе во 71. минута од мечот.

Се вчитува...