Фенербахче остана стопроцентен на домашен терен oткако турскиот гигант по голема борба го совлада Жалгирис со 80-78, за втора победа во низа за Шарунас Јасикевичиус, кој неодамна дојде на клупата на Фенер на местото на Димитрис Итудис.
Турскиот состав имаше улога на фаворит, но се соочи со огромни проблеми, гостите од Литванија имаа и двоцифрена предност во првото полувреме, но Фенер заигра најдобро кога беше најважно и благодарение на Вилбекин, Мотли и на Дорси направи целосен пресврт.
Токму Дорси беше херојот, со неверојатните поени што одличниот бек ги реализираше во последната минута, кога беше фаулиран непосреедно до аут-линијата, но успеа да погоди од зад таблата, за два плус еден и тотален делириум во арената во Истанбул.
Тајлер Дорси со тие поени стана и најефиласен во таборот на Фенербахче завршувајќи го натпреварот со 19 поени, пред Вилбекин со 17 и Мотли со 16. На спротивната страна, Еванс со 19 поени беше прв стрелец на Жалгирис во најновиот пораз на литванскиот тим во Евролигата.
.@TDORSEY_1 with one of the craziest shots you’re going to see 👀 🤯 pic.twitter.com/TKPcBGqI77
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА