Дорт повторно го удри Јокиќ, Србинот заврши на паркетот (ВИДЕО)

Неколку недели по претходниот спорен дуел меѓу двајцата играчи, Дорт повторно имаше груб контакт со Јокиќ. На претходниот меч Дорт ја постави ногата на патот на српскиот центар при поставување на блок, поради што Јокиќ заврши на паркетот, а ситуацијата колуминираше кога настана масовна тепачка на теренот.

Иако призна дека тогаш погрешил, Дорт повторно го удри Србинот на нивниот нов меѓусебен дуел. По една акција, тој се обиде да го префрли блокот на Јокиќ, но во тој обид со раката го удри во лицето српскиот кошаркар. Судиите реагираа и досудија неспортски прекршок.

За разлика од претходниот пат, овој пат немаше поголем конфликт меѓу играчите, но ситуацијата имаше големо влијание врз текот на натпреварот. Токму по тој фаул, Денвер доби дополнителна посед на топката и успеа да се врати во игра на самиот крај од последната четвртина. Но, Шј Гилџус-Александар со тројка во последните секунди му донесе победа на тимот на Оклахома. 

Се вчитува...