Дортмунд ангажира замена на Гереро, следен е наследникот на Белингем

Само две дена откако на Вестфален се случи шокантно губење на шампионската титула, следуваат промени во составот кои ќе бидат клучни за обидот следната сезона да се стави крај на доминацијата на Баерн, откако во штотуку завршената пропуштија голема можсност после 10 години да дојдат до „салатарата“.

Еден ден откако го загуби трофејот, Борусија Дортмунд објави дека се разделува со левиот бек Рафаел Гереиро. Португалецот како слободен играч ќе бара нова средина, откако за неговите услуги има неколку заинтересирани страни. „Милионерите“ експресно најдоа негова замена. Станува збор за фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Рами Бенсебаини кој доаѓа како слободен фудбалер.

И додека Бенсебаини е веќе договорен трансфер, сега Борусија работи на доведување замена за Џуд Белингем, кој речиси сигурно заминува во Реал Мадрид. Како потенцијални негови заменици се споменуваат Конор Галагер од Челси и Брахим Диаз. Диаз би можел да биде вклучен и во зделката на Белингем во таборот на „кралевите“, со оглед дека тој е играч на Реал кој во моментов игра како позајмен во Милан.

Од Борусија Дортмунд заминуваат и Махмуд Дахуд, Ентони Модесте и Феликс Паслак. Се очекува и заминување на Томас Мение кој не добиваше минутажа во оваа сезона.

Се вчитува...