Борусија Дортмунд и Лајпциг не успеаја да го искористат домашниот терен во 31. коло од Бундеслигата па да стигнат до триумф на дуелите против Келн односно Ингелштад, играјќи натпревари без голови.
Дортмунд киксираше против Келн не успевајќи да ја затресе мрежата на добро организираните во одбраната гости, а Лајпциг мораше да се задоволи со 0-0 против претпоследнопласираниот Ингелштад.
Сето ова утре ќе се обиде да го искористи Хофенхајм кој со триумф на домашен терен против Франкфурт, ќе се пробие на третата позиција пред Дортмунд која обезбедува учество во Лигата на шампионите следната сезона.
На останатите денешни дуели, Дармштад прави последни обиди да се извлече од испаѓање со убедливата победа од 3-0 против Фрајбург. Дармштад сега на последната позиција има 24 бода, пет помалку од Ингелштад, и осум помалку од Аугсбург кој е на позицијата која обезбедува бараж за опстанок.
Вердер Бремен, пак, славеше против Херта со 2-0 со погодоците на Бартелс и Крусе уште во 9. и во 15. минута од средбата.
Max Kruse Goal – Bremen 2 – 0 Hertha 29.04… by marcelinocortese
РЕЗУЛТАТИ – 31. КОЛО
Вердер – Херта 2-0
Дармштад – Фрајбург 3-0
Борусија Д. – Келн 0-0
Мајнц – Менхенхгладбах 1-2
Лајпциг – Ингелштад 0-0
Волфсбург – Баерн Минхен (18:30 ч.)
ТАБЕЛА: Баерн Минхен (-1) 70, Лајпциг 63, Борусија Д. 57, Хофенхајм(-1) 55, Херта 46, Вердер 45, Фрајбург 44, Келн 42, Шалке 41,…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА