Дортмунд има голман за следната сезона: Договорен Кевин Трап од ПСЖ

Борусија Дортмунд го договори првото летно засилување за следната сезона. „Милионерите“ ќе имаат нов чувар на мрежата, од редовите на ПСЖ на „Вестфален“ ќе пристигне Кевин Трап. Германскиот репрезентативец ќе потпише тригодишен договор, засега не се познати сумите на трансферот и платата на на Трап.

Германскиот репрезентативец фрустриран што не може да се избори за да биде прв голман на „светците“ бидејќи Ареола има предност, одлучи да го напушти Париз и да се пресели во клуб каде ќе биде прв избор.

Борусија Дортмунд може да ги исполни неговите услови, германскиот клуб е во потрага по нов голман бидејќи управата не е задоволна од настапите на Роман Бурки. Неконстантната форма на Швајцарецот го натера раководството да бара друго решение за меѓу диреците, а Трап е идеална замена.

 

Се вчитува...