Борусија Дортмунд е на прагот да го реализира првото зимско засилување, од тимот на Базел треба да пристигне младиот Мануел Аканжи. Наводно, швајцарецот прифатил да се пресели во редовите на „милионерите“, сега Дортмунд треба да ги исполни условите на Базел и да исплати 20 милиони евра, пет милиони повеќе од последната понуда која испрати раководството на германскиот гигант.
22-годишниот дефанзивец игра одлично оваа сезона во дресот на швајцарскиот првак со што го привлече вниманието на голем број англиски тимови како Ливерпул, Вест хем и Саутемптон, но Аканжи преферира да игра во Бундеслигата.
Одбранебниот фудбалер ги помина сите младински категории на швајцарската репрезентација, додека запиша четири настапи за сениорската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА