Експлозијата од која беше скршен прозорецот на автобусот на Борусија Дортмунд не била предизвикана од бомба, туку од силна петарда. Ова е последната информација што германските медиуми ја пренесоа во врска со сериозниот инцидент во кој повреда заработи фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра.
Откако беше обелоденето дека не станувало збор за една, туку за три одделни експлозии, последните информации велат дека воопшто не станувало збор за бомба, туку за силна петарда.
„Како што стојат работите во моментов, експлозијата е причинета од петарда што пукнала непосредно крај прозорецот, од што веднаш било оштетено стаклото. Со тоа се отфрла можноста за организиран напад и потенцијален тероризам“ – јавуваат дел од германските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА