Борусија Дортмунд славеше со 2-0 во дерибто со Борусија Менхенгладбах во 15. коло од Бундеслигата, натпревар во кој повторно до израз дојде незадоволството на ѕвездата на тимот Карим Адејеми.
Овој пат тренерот Нико Ковач го задржа во игра крилниот фудбалер само до 60. минута што наиде на фрустрација кај Германецот кој наместо на клупата сакаше да замине во соблекувалната. Во намерата го спречи спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел кој и најави казна за ваквото однесување.
„Ќе разговараме за овој инцидент. Ќе биде казнет бидејќи на таа тема многу интензивно разговарвме со тимот во последните недели. Му кажав: „Не одиш во соблекувална, седи тука. Замената е потполно правила“.
Карим не играше добро. Не сакам да видам такви ситуација, тренерот не сака да види, никој од нас. Тоа е неприфатливо, а Карим тоа добро го знае“, изјави Кел.
Според популарниот „Трансфермаркт“, Карим Адејеми е најскапиот фудбалер во Борусија Дортмунд со вредност од 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

