Дортмунд со голема победа над Волфзбург ја прави интересна борбата за титулата во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа со 1-2 на гостувањето кај Волфзбург во најинтересниот натпревар од денешната програма од 15.30 часот од 21. коло во германската Бундеслига.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Брандт во 38. минута, додека домаќините во вториот дел преку Кулеракис во 52. минута успеаја да израмнат на 1-1. „Милионерите до голема победа 1-2 стигнаа со голот на Гираси во 87. минута.

Wolfsburg 1-[2] Borussia Dortmund – Serhou Guirassy 87'
byu/denzaus insoccer

Во останатите мечеви од програмата од 15.30 часот: Мајнц – Аугзбург 2-0, Сент Паули – Штутгарт 2-1, Фрајбург – Вердер 1-0 и Хајденхајм – Хамбург 0-2.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...