Фудбалерите на Борусија Дортмунд со минимална предност ќе патуваат на гостувањето кај Пари Сен Жермен во реванш натпреварот од полфуиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва на домашен терен славеа со 1-0.
Првото полувреме не ни донесе голем број шанси на двете страни, а најубавата за домаќините ја искористи Никлас Филкруг кој во 36. минута со многу чувство го матираше голманот на гостите, Џанлуиџи Донарума за водство од 1-0.
Во вториот дел гостите од Париз беа далеку подобар противник. Во 51. минута гостите двапати во иста акција ја погодуваа стативата преку Мбапе и Хакими и не успеаја да ја затресат мрежата на Кобел. Две шанси имаше и Дембеле кој исто така не успеа да го матира противничкиот голман.
До крајот мируваа мрежите, па „милионерите“ со минимална предност ќе патуваат на реваншот во Париз кој е закажан за следниот вторник. За потсетување во првото полуфинале Баерн Минхен и Реал Мадрид вчера на „Алијанц арената“ одиграа 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

