Веќе нема никакви дилеми, новото аргентинско „чудо од дете“, 20-годишниот Лаутаро Мартинез, следната сезона ќе го носи дресот на Интер. Ова го потврди и претседателот на неговиот клуб Расинг, Виктор Бланко, обелоденувајќи дека сите детали од трансферот се веќе договорени. Воедно, Бланко откри дека Борусија Дортмунд минатата седмица испратила богата понуда за овој одличен голгетер, но Расинг веќе се договорил со Интер.
„Лаутаро ќе игра за Интер. Понудата на Борусија беше повисока за над пет милиони евра, но за жал дојде предоцна. Трансферот во Интер е 99% комплетиран, остануваат само уште некои ситни детали, но јасно ни е дека нема да можеме да го задржиме кај нас“ – изјави претседателот на Расинг за аргентинските медиуми.
Според нив, „нероаѕурите“ го осигурале потписот за 26,8 милиони евра, додека Борусија Дортмунд понудила 32,5 милиони.
„Ние го дадовме зборот и ја прифативме понудата. Единствениот кој може да се премисли е самиот фудбалер, но да бидам искрен не верувам дека тоа ќе се случи“ – истакна Бланко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА