Едноставно неверојатно е колкав малер е Ромелу Лукаку на Европското првенство 2024. Тој или промашува 100% шанси, или ВАР му ги поништува погодоците.
Досега во два меча за Белгија постигна три гола, со што би бил и најдобар стрелец на натпреварувањето, но сите три му беа поништени од ВАР технологогијата.
Против Словачка постигна два гола, во 56. и во 86.минута кои беа поништени, и тоа поради играње со рака на негов соиграч, а утврдена со новата технологија на ВАР системот, која е слична како ЕКГ.
Синоќа, пак, против Романија, Лукаку стрелаше во 63. минута но голот беше поништен буквално поради милиметарски офсајд… Навистина нема среќа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА