Досега незабележано во репрезентативниот фудбал: Дури 15 репрезентативци променија клубови во еден преоден рок!

Македонскиот селектор Благоја Милевски се соочува со сериозни проблеми околу комплетирање на составот за одлучувачките натпревари од Лигата на нации против Грузија во Тбилиси (23. септември) и против Бугарија (26. септември) во Скопје.

Голем број од стандардните репрезентативци се далеку од посакуваните минути во своите клубови, дел од нив и далеку од посакуваната форма, а дел се уште без сериозни натпревари на стартот од новата сезона. Една од причините за сето тоа е и фактот дека дури 15 македонски репрезентативци, досега стандардни низ претходните репрезентативни собири, во летниот преоден рок променија клубови. Нешто што е незабележано досега низ историјата на репрезентативниот фудбал – 15 репрезентативци со промена на клуб во еден ист преоден рок.

Најатрактивни трансфери реализираа Енис Барди од шпански Леванте во турскиот шампион Трабзонспор, Езгијан Алиоски кој од Саудиска Арабија се пресели во турски Фенербахче, Дарко Чурлинов од германски Штутгарт во англискиот чемпионшиплигаш Барнли, како и Бојан Миовски кој од унгарски МТК се пресели во шкотски Абердин. Тие се и најстандардните низ досегашниот старт на сезоната во своите клубови, заедно со Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои се незаменливи во Динамо Загреб.

Повеќе од интересен трансфер реализираше и Дарко Велковски од хрватската Ријека во Ал Етифак во Саудиска Арабија, како и Никола Серафимов кој квалитетната полусезона во Залаегерцег ја ефектуираше со одличен трансфер во еден од најдобрите унгарски клубови МОЛ Фехервар.

Изненадувачки доцна, дури на средината од септември со трансфер и Бобан Николов кој продолжува во ФЦСБ во Романија, а се уште во очекување на нов клуб е Давид Бабунски кој на самиот крај од преодниот рок доби известување од Дебрецин дека не е во плановите на стручниот штаб за новата сезона. Токму поради тоа Николов и Бабунски, како и Кире Ристевски кој пред три дена го реализираше трансферот во ерменски Пјуник, не се на списокот на Милевски за пресметките со Грузија и Бугарија. Од селекција, во последен момент, поради повреда отпадна и Дарко Чурлинов.

ТРАНСФЕРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ – ЛЕТЕН ПРЕОДЕН РОК 2022/23

Се вчитува...