Досегашниот тренер на Црвена Звезда кандидат за клупата на Барселона

Барселона работи на доведување на нов тренер, по заминувањето на Жоан Пењароха од кормилото. За каталонскиот тим приорирет е Чави Пасквал, но доколку нешто „запне“ околу преговорите, тогаш лесно би можело да биде именуван Јанис Сферопулос за клупата на кошаркарскиот гигант.

Сферопулос е без ангажман, откако доби отказ од Црвена Звезда пред извесен период, по очајниот старт во сезоната, па на негово место на кормилото на белградските „црвено-бели“ седна Саша Обрадовиќ, кој го најде победничкиот рецепт.

Пасквал засега е најсериозниот кандидат, но прашање е колку тој ќе може да ги сврти работите во каталонскиот тим, и според шпанските медиуми, тој ќе побара време, односно долгорочен договор за да го врати тимот на старите патеки.

Пасквал веќе ги постави условите до каталонскиот тим, и сега останува само да одлучи раководството. Барселона сака да има нов тренер до мечот со Виртус Болоња кој се игра во петок.

Се вчитува...