Доскорашниот македонски репрезентативец го смени клубот во Турција

Доскорашниот македонски репрезентативец Валон Етеми, ќе има нов клуб во Турција. Тој постигна договор во иднина да настапува за турскиот второлигаш Игдир.

Етеми досега настапуваше за Истанбулспор, но сезонава одигра само шест натпревари, постигна два гола и запиша една асистенција во првенството. Иако важеше за еден од подобрите напаѓачи во Турција, сепак, во последно време има пад, па го загуби и местото во националниот тим на Македонија.

Во минатото играше во Коњаспор како позајмен фудбалер, а беше дел од албанските Адраитику и Кукс. Тој потекнува од младинската школа на Ренова.

Се вчитува...