Шкупи го претстави Алпарслан Ердем за нов тренер на екипата. Турчинот работеше во Фатик Карагумрук најпрво како помошник на легендарниот Андреа Пирло, а потоа и како прв тренер.
Ердем потпиша двегодишен договор со чаирскиот тим. Тој доаѓа на местото на Матија Мирков кој поднесе оставка после поразот од Работнички во неделата на Националната Арена.
Во својата играчка кариера, Ердем има играно во Вердер, Галатасарај, Генчлебирлиги, Истанбул Башакшегир и Карагумрук. Потоа станува тренер на Фатих Карагумрук откако му помага најпрво на Франческо Фариоли, а потоа и на Андреа Пирло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА