Доскорашниот селектор на „слоновите“ ќе го води Олимпик Марсеј

Жан Луј – Гасе, кој до скоро ја водеше селекцијата на Брегот на Слоновата Коска, и беше сменет среде Африканскиот Куп на Нации, ќе го наследи Џенаро Гатузо на клупата на Олимпик Марсеј.

Искусниот Гасе кој има 70 години, во минатото ги водеше Бордо, Сент-Етјен, Монпеље, Истрес и Каен. Договорот ќе биде до крајот на сезоната, а потоа ќе се бара ново решение.

Марсеј денеска му врачи отказ на Џенаро Гатузо, кој по неполни пет месеци го напушта кормилото на францускиот прволигаш поради серијата на слаби резултати.

Се вчитува...