Само неколку дена по напуштањето на Милан, Стефано Пиоли е пред преселба во Саудиска Арабија. Тој во следните часови ќе потпише тригодишен договор со Ал Итихад, и ќе го води овој клуб во кој настапуваат Карим Бензема, Фабињо, Нголо Канте…
Пиоли е без ангажман откако доби отказ од Милан после пет години на „Сан Сиро“, успевајќи да го врати тимот на шампионските патеки. Меѓутоа после титулата дојдоа и неколку неуспешни сезони, по што следуваше промена, а на негово место дојде Пауло Фонсека.
Ова ќе биде прв ангажман на Пиоли надвор од Италија. Клупата на Ал Итихад остана празна по отказот на Марсело Гаљардо, кој беше на клупата на овој тим само шест и пол месеци. Интересно е да се напомене дека ниту еден тренер на овој тим не успеал да се задржи повеќе од две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА