Фенерџијата на Евролигата, германска Алба во продолжението на сезоната ќе може да смета на услугите на американскиот кошаркар Дејвид Мекормак кој потпиша едногодишен договор.
Центарот пристигнува од редовите на Милано за кој настапува и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевичќ, откако не се снајде под водство на Еторе Месина и покрај тоа што италијанскиот тим се соочува со проблеми на високите позиции. Италијанскиот првак неодамна го потпиша Гилеспи, по што Месина даде зелено светло Мекормак да го напушти тимот.
Мекормак оваа сезона настапи на шест натпревари во елитното европско кошаркарско првенство со скромен учинок од еден поен, 0.7 скокови и 0.2 асистенции.
Тој доаѓа на местото на Кумаџи, кој најпрвин беше суспендиран од клубот од Берлин, по што доби зелено светло да се пресели во Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА