Манчестер Сити е постојано активен на трансфер пазарот, а понекогаш новите засилувања воопшто не завршуваат на „Етихад“. Таква е и приказната на Педро Поро кој во 2019 од редовите на Гирона премина во составот на „граѓаните“ за 12 милиони евра.
Младиот Шпанец кој не забележа ниеден настап за Манчестер Сити сега направи трансфер во редовите на Спортинг, а по целата ситуација имаше и интересна изјава.
„Никогаш не разговарав со Пеп Гвардиола. Мислам дека и тој не знае дека ме довеле“, изјави низ смеа новиот фудбалер на Спортинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА