Доскорешниот тренер на Црвена Звезда го тужи српскиот клуб за милиони евра

Доскорешниот тренер на Црвена Звезда, Барак Бахар го тужи српскиот прволигаш за милиони евра кои му следат со договорот кој беше со важност до 2026 година. И не само израелскиот тренер, туку и неговите помошници, Гај Сарфати, тренерот на голманите Гај Вејсингер и аналитичарот Адам Давид, пренесуваат тамошните медиуми.

Бахар веќе ангажирал адвокат и го започнал процесот пред органите на ФИФА за кој има и легитимно право.

Белградскиот гигант по разделбата со Бахар ја информираше јавноста дека истата е од пријателски карактер и дека клубот ќе продолжи да го плаќа стратегот се додека не најде нов ангажман. Сепак работите се променети и Бахар цели кон добивање на сите финансии загарантирани во договорот.

Се вчитува...