Доста беа тренинзи, почнува она вистинското (фотогалерија)

Македонската ракометна репрезентација вечерва го одржа последниот тренинг пред утрешното тргнување за Загреб, каде „црвено-жолтите“ од сабота ќе почнат со настап во групата Ц од Европското Првенство.

Видно расположени и максимално мотивирани, избраниците на Раул Гонзалес најавуваат дека ќе сторат се за испишување на нова ракометна историја, свесни дека зад себе ќе имаат и бројна македонска фаланга за да им даде поддршка во Загреб, па потоа и во Вараждин откако ќе биде обезбеден пласман во следната фаза.

Македонските ракометари утре ќе тренираат во „Арена“, салата каде ќе ги водат своите битки во првата фаза од ова Европско Првенство, а в петок ќе тренираат во „Дом Спортова“, арена што се наоѓа во непосредна близина на хотелот во кој ќе бидат сместени.

 

Се вчитува...