Доста беше купување: Челси принуден да продаде осум играчи

Според најавите, Челси го чека бурно лето. Не само поради фактот што ќе мора да ангажира нов тренер, туку поради тоа што ќе мора да менува и во играчкиот кадар.

Од доаѓањето на Тод Боели, Челси потроши многу милиони аз нови имиња. Но, ова лето тоа ќе ги чини многу „сините“ кои се приморани да продадат осум играчи за да останат во границите на финансискиот фер-плеј. И онака Челси размислува да продаде добар дел од својот играчки кадар, кој во моментов се состои од над 35 играчи.

Според информациите, први кои ќе го напуштат клубот се Калид Кулибали и Мејсон Маунт. Кулибали не ги покажа своите квалитети и после само една сезона од доаѓањето може да замине. Маунт, пак, искажа незадоволство од статусот во тимот, и најави трансфер.

Покрај овие двајца, отпишани од клубот се и Пулишиќ, Зијеш, Лофтус-Чик, Галагер, Лукаку и Обамејанг. Сите тие ќе бидат продадени ова лето.

Моментално прв кандидат за тренер е Маурицио Покетино, а доколку не се најде договор со него, тогаш во опција е и тренерот на Барнли, Винсент Компани.

Се вчитува...