Доста беше одмор: Ѓоковиќ ќе игра и дубл на УС Опен

Новак Ѓоковиќ си зеде подолг одмор по настапот на Вимблдон, но затоа големиот ас е подготвен за „двојна програма“ на претстојното издание на УС Опен.

Тој ќе се бори за нова гранслем титула во сингл, но Ѓоковиќ изненади многумина со одлуката да се пријави и за мешан дубл, каде ќе настапува со својата сонародничка Олга Даниловиќ. Српската тенисерка, која е ќерка на прославениот кошаркар Предраг Даниловиќ, ќе има можност по вторпат да заигра крај својот тениски идол.

Ѓоковиќ и Даниловиќ настапија на Јунајтед купот во 2024 година, кога успеаја да слават над кинеската двојка Женг – Жанг со 2-1 ов сетови.

„За мене беше остварување на сонот што го одиграв тој дубл со Новак. Секако дека усм пресреќна што сега повторно ќе имам можност за такво нешто“, истакна Даниловиќ.

Се вчитува...