Доцни мајсторката од АБА финалето, играчите на Будуќност не излегуваат од соблекувалната (ВИДЕО)

Решавачкиот натпревар за титулата во АБА лигата меѓу Црвена Звезда и Будуќност нема да почне во 19 часот како што беше предвидено. Кошаркарите на бранителот на трофејот, излегоа на теренот, но наидоа на непријателска амосфера, навивачи упаднаа на паркетот, а летаа и предмети кон нив.

Тимот се повлече во соблекувалната и уште не излегува од таму.  Будуќност инсистира на празнење на делот од салата околу нивната клупа.

Финалната серија, подобар од пет во која моменталниот резултат е 2-2 во победи минува во тензична амосфера. Сите натпревари беа одиграни во речиси неподнослива атмосфера и притисоци од трибините како во Белград така и во Подгорица.

 

 

Се вчитува...