DoubleTree by Hilton Skopje официјален партнер на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија и хотелот „Хилтон“ потпишаа договор за соработка. Како што објавуваат од ФФМ, договорот бил постигнат од претседателот Масар Омерагиќ и сопственикот на DoubleTree by Hilton Skopje, Ајдован Адемоски.

„Овој договор претставува нова потврда на вредноста и реномето на ФФМ но и за желбата на светски брендови да бидат дел од фудбалското семејство на Македонија“, стои во објавата на ФФМ.

Генералниот секретар на ФФМ Леонид Јандреоски кој го потпиша договорот, истакна задоволство од потписот на договорот.

„Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности. Веруваме дека оваа соработка ќе продолжи да расте и да придонесува за успехот на нашите селекции“, рече Јандреоски.

Се вчитува...